Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа денеска на убедлив начин ја совлада Анастасија Золотарева со 2-0 во сетови (60 63) за 75 минути игра.
Првиот сет македонската тенисерка го доби на убедлив начин без противничката да и одземе гем. Во вториот сет Ѓорческа направи брејк во четвртиот гем и со тоа дојде до предност од 3:1, а потоа и со 4:1 и таа предност од три гема ја зачува да крајот на мечот.
Во четвртфиналето утре македонската тенисерка ќе игра против Лили Тагер од Австрија која со 2-0 (64 64) ја совлада Тена Лукас од Хрватска. Инаку, Ѓорческа и Тагер во неделата играа во финалето на турнирот во Букурешт, а победи Тагер со 2-1 во сетови.