Дома Ракомет Домашно првенство Димковски: Силата на Пролет е во колективот, да го покажеме тоа и...

Димковски: Силата на Пролет е во колективот, да го покажеме тоа и против Радовиш

22
Фото: Тинекс Пролет

Ракометарите на Пролет експресно го оставија зад себе поразот во Битола од Пелистер и во мислите се насочени кон следниот суперлигашки предизвик. Веќе утре во 19 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе гостува Радовиш, дуел на кој избраниците на тренерот Матлиески ќе се обидат да стигнат до втората победа сезонава.

Томислав Димковски е еден од низата талетирани играчи на Тинекс Пролет чија форма расте од сезона во сезона, а откако ги надмина бројните проблеми со повреди од ланската сезона тој сега има се позначајна улога во тимот на Пролет.

„Задоволен сум од нашиот старт на сезоната, пред се од победата на стартот над Тиквеш, наш директен ривал за влез во плејофот. Следеше оној пораз во Битола од шампионот Пелистер кој реално е поквалитетен тим од нас, но лично мислам дека во тој меч влеговме со преголема почит кон ривалот и затоа така убедливо загубивме. Генерално, имавме и добри моменти и на тој меч и знаеме што треба да направиме за да се вратиме на победнички патеки веќе овој викенд“, вели Димковски.

Дуелот со Радовиш е меч на кој Тинекс Пролет ќе ја има фаворитската улога, но младинскиот репрезентативец е убеден дека ривалот нема да биде потценет.

„За нас е сеедно името на ривалот со кој се среќаваме, секогаш сме фокусирани на сопствената игра, настојуваме да напредуваме од натпревар во натпревар. Радовиш е ривал што го почитуваме и сигурно нема да го потцениме, но верувам дека ако одиграме на нивото на кое што можеме, ќе успееме да стигнеме до посакуваниот триумф. Колективот и тимскиот дух се заштитен знак на Тинекс Пролет, тоа треба да го покажеме и в сабота против Радовиш“, порачува Димковски.

ПретходноРатклиф отпатува во Манчестер за да разговара со Аморим
СледноОфицијално: Синот на славниот Зидан ќе го носи дресот на селекцијата на Алжир!(ФОТО)