„Кралевите“ повторно на „Енфилд“ – нова ѕвезда од 17 милиони евра на мета на Реал!

138

По доведувањето на Трент Александер-Арнолд и интересот за Ибрахима Конате и Алексис Мак Алистер, Реал Мадрид ја насочи својата цел кон уште еден играч на Ливерпул – Рајан Гравенберх.

Шпанските медиуми пишуваат дека Чаби Алонсо го посочил Холанѓанецот како прва желба и клубот ќе се обиде да го реализира трансферот во јануари.

Гравенберх пристигна во Ливерпул во 2023 година од Баерн Минхен, а минатата сезона под водство на Арне Слот беше еден од клучните играчи во походот кон титулата во Премиершип.

Ливерпул бара околу 75 милиони евра, сума која не претставува пречка за „кралскиот клуб“.

Холанѓанецот имаше четири асистенции во 37 одиграни натпревари во Премиер лигата, а играше како дефанзивен играч од средниот ред.

Оваа сезона, тој веќе постигна еден гол и имаше една асистенција во четири одиграни натпревари.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Насмевката на Шкемби!
СледноКоментар на 6.коло: Моќен Вардар, сега Струга ТЛ е лидер, Пелистер е во “НОКАУТ“!