Официјално: Мирко Вучиниќ е новиот селектор на Црна Гора! (ФОТО)

29
ФОТО: Fudbalski savez Crne Gore/FB

Откако раководството на ФС на Црна Гора и официјално се раздели со Роберт Просинечки, по катастрогачните резултати на А-репрезентацијата, денеска попладне преку своирте социјални мрежи објави дека за бов предводник на селекцијата е назначен Мирко Вучиниќ (41).

Тој е некогашен репрезентативец на Црна Гора, големо име во светот на фудбалот ако се знае дека Јувентус и Рома, покрај другите клубови.

Нашата почва отсекогаш била плодна за мајстори, а тој припаѓа рамо до рамо со нив, со најголемите – планината Рашмор на црногорскиот фудбал. Ја освои Италија како момче во Лече, како соиграч на Принцот на Рим во Рома и како дел од хегемонијата на Јувентус. А во националниот тим? Првиот гол на ‘храбрите соколи’ во историјата е негов. Па оној гол на ‘Виа дел Маре’ против актуелните светски шампиони, или оној со кој ги урна ‘змејовите’ од Велс, или можеби оној со кој ги збуни секогаш прецизните Швајцарци. Со него на терен сонувавме и никогаш не се плашевме од противникот пред нас. Нова улога во момент кога расте нова генерација мајстори, кои го гледале и пораснале со приказните и легендите за него. Нашиот прв капитен. Нашиот мајстор. Нашиот селектор. Нашиот… МИРКО ВУЧИНИЌ!“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Инаку Вучиниќ досега му беше прв помошник на Просинечки.

ПретходноГолемиот Анри без двоумење кажа кој мора да ја освои Златната топка!
СледноМаркус Рашфорд прогласен за играч на првото коло во Лигата на Шампионите! (ВИДЕО)