Играч на колото според „СпортСпорт“ без дилеми е Мато Роџерс, репрезентативецот на Уганда кој блеска во нападот на Вардар сезонава. Во изминатите шест кола постигна седум голови а на гостувањето кај Арсими во победата на Вардар од 1:4, Мато учествуваше дури со три голови.
И затоа е играч на 6.коло.
Покрај него од Вардар во тимот на колото се и Матиќ и Бабунски, потоа Јашар, Алексовски, Аворнио (Башкими), Пецов (МЃП), Мојсов (Тиквеш), Кадриу (Работнички), Радески (Струга ТЛ), Тамба (Шкендија).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
РОЏЕРС КАСИМ МАТО
Тим: Вардар
Роден: 10.10.2003 во Уганда
Кариера: Пролин ФЦ, КЦЦА ФЦ, Шанлиурфаспор, Брера Струмица, Вардар