ФОТО НА КОЛОТО: Насмевката на Шкемби!

133
ФОТО: FC Struga/FB

Дербито на 6.коло во ПМФЛ се играше во Струга каде силите ги одмерија последните шампиони во Македонија. И секогаш кога играат Струга ТЛ и Шкендија е супер интересно. И сега така беше. Добар фудбал, многу шанси, два гола, пенал, реакција на ВАР собата во неколку наврати.

Сепак и покрај тие 1:1, и покрај тоа што во самиот финиш во два наврати ВАР им поништи два гола, позадоволни беа домашните зошто знаеја дека со реми ќе се искачат на чело на табелата.

Токму затоа е оваа насмевка на тренерот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби. Познато е како се освојуваат титулите – без пораз во супер дерби мечевите и без киксови на дуелите со аутсајдерите.

ПретходноКошарката во една реченица: Клубовите должат над 200.000 евра, играчите не виделе плата од јануари…
Следно„Кралевите“ повторно на „Енфилд“ – нова ѕвезда од 17 милиони евра на мета на Реал!