Фудбалер на Реал оди на суд поради снимање и дистрибуција на секс видеа

94
фото: Los Galácticos (X)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, и тројца поранешни играчи од младинскиот тим на клубот ќе бидат изведени пред суд за наводно снимање и дистрибуција на секс видеа во кои учествуваат две жени, од кои едната е малолетничка, соопштија шпанските судски власти.

Според судските документи, тројцата обвинети се соочуваат со едно обвинение за дистрибуција на детска порнографија и две обвиненија за нарушување на приватноста, додека Асенсио е обвинет по две обвиненија за нарушување на приватноста, објавува „Гардијан“.

Кауцијата беше одредена на 15.000 евра за Асенсио и 20.000 евра за другите обвинети. Инцидентот наводно се случил на 15 јуни 2023 година, во приватен дел од клуб во Гран Канарија. Обвинителите бараат казна од две години и шест месеци за Асенсио, додека за другите тројца бараат четири години и седум месеци затвор.

Асенсио рече дека никогаш не учествувал во нешто што би ја загрозило сексуалната слобода на која било жена и нагласи дека не бил вклучен во снимањето или дистрибуцијата на видеата.

ПретходноКонте: Против Манчестер Сити тешко е со 11, а не пак со 10 играчи на терен
СледноРашфорд: Не кријам, размислуваме само како да ја освоиме Лигата на шампионите