Големиот Анри без двоумење кажа кој мора да ја освои Златната топка!

76

Исто како и сите други, големиот Тиери Анри го има својот фаворит за освојување на Златната топка пред церемонијата следната недела. Добитниците на оваа награда ќе бидат објавени следниот понеделник, а во трка се неколку навистина големи имиња.

Усман Дембеле, Ламине Јамал, Килијан Мбапе и Мохамед Салах се само некои од имињата поврзани со освојувањето на оваа награда.

Дембеле го предводеше Пари Сен Жермен до големи трофеи минатата сезона, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, додека Јамал блесна во Барселона и Шпанија, со кои го освои Европското првенство.

Мбапе и Салах беа главни играчи во Ливерпул и Реал Мадрид минатата сезона.

По вчерашните натпревари од Лигата на шампионите во кои Барселона и Манчестер Сити победија, меѓу другите, Карагер и Анри имаа дискусија за Златната топка на CBS Sports.

Анри кажа само едно име и подвлече дека мора да ја добие наградата.

„Дембеле, не морам ни да кажам зошто“, беше јасен Анри.

Дембеле имаше спектакуларна сезона, постигнувајќи импресивни 35 гола во сите натпреварувања. Многумина веруваат дека борбата ќе се сведе на две имиња, кои треба да бидат Ламине Јамал и Дембеле.

Јасно е дека некој ќе биде разочаран, но во Барселона се убедени дека нивниот фудбалер ќе победи.

Од друга страна, сите во ПСЖ, исто како и Анри, веруваат дека Дембеле најмногу ја заслужуваше Златната топка.

ПретходноОфицијално: Синот на славниот Зидан ќе го носи дресот на селекцијата на Алжир!(ФОТО)
СледноОфицијално: Мирко Вучиниќ е новиот селектор на Црна Гора! (ФОТО)