Кристијано Роналдо се изнервира: Вие сте идиоти! (ФОТО)

37
ФОТО: FC Al-Nasr/FB

Кристијано Роналдо веќе две децении е мега – ѕвезда во светот на фудбалот, па и воопшто. Знаел да искоментира нешто што не му се допаѓа, но тоа го правел со доза на цинизам, ретко кога може да се види или прочита кога е изнервивара,

Сепак и тоа се случи.

Имено Португалецот во дресот на Ал Наср се налути поради критиките упатени кон неговиот соиграч Жоао Феликс, што може да се види од пораката на Кристијано на социјалните мрежи. Станува збор за учесници во подкаст кои негативно говореа за одлуката на Феликс да игра во Саудиска Арабија на само 25 години.

Роналдо, сепак, реши да го брани својот сонародник, со кого игра и во португалската репрезентација.

Идиотите не разбираат ништо за фудбал, но ги искажуваат своите мислења“- напиша Кристијано во коментар под видеото со гореспоменатите критики, а неговата реакција стана вирална на социјалните мрежи.

Инаку Феликс му се придружи на Ал Наср кон крајот на јули, пристигнувајќи од Челзи за вкупна сума од 50 милиони евра, а во првите пет натпревари за својот нов тим успеа да постигне четири гола.

ПретходноШтутгарт покажа како треба против Сент Паули!
СледноБетис убедлив против Сосиедад!