Маркус Рашфорд прогласен за играч на првото коло во Лигата на Шампионите! (ВИДЕО)

32
ФОТО: FC Barselona/FB

И официјално, барем според медиа – тимот на УЕФА, напаѓачот на Барселона, Маркус Рашфорд играч на првото коло во новата сезона во Лигата на Шампионите.

Англичанецот ги постигна двата гола за Барса на гостувањето кај Њукасл и беше најзаслужен за победата на каталонскиот гигант со 2:1 на “Сент Џејмс Парк“.

Втор на оваа листа е Душан Влаховиќ од Јувентус, кој иако влезе од клупата заврши со два гола и асистенција на мечот со Дортмунд (3:3).

Додека на третото место се најде Маркус Турам од Интер, кој беше стрелец на двата гола во победата на гигантот од Милано со 2:0 на гостувањето кај Ајакс.

ПретходноОфицијално: Мирко Вучиниќ е новиот селектор на Црна Гора! (ФОТО)
СледноЛука Дончиќ откри во кој клуб сака да ја заврши кариерата!