Пеп Гвардиола: Ако Артета ја освои титулата, тоа ќе биде само поради парите…

49
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Големото дерби од 5.коло се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер Сити. „Топџиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „Граѓаните“ на Гвардиола, а минатата сезона зад „Ливерпул“ на Слот. Сега тие повторно се меѓу најсериозните кандидати за титулата, особено откако доведоа неколку исклучително квалитетни засилувања.

Во пресрет на овој меч, Пеп Гвардиола даде по малку цинична изјава, ако се знае дека поголем дел од јавноста во светот на фудбалот смета дека тој ги освојувал титулите во ПЛ само поради парите кој Манчестер Сити ги вложува во купување нови играчи:
„Сакам да му кажам на мојот пријател, Микел Артета, дека ако ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе биде само поради вложените пари, а не затоа што тој и неговите играчи работеа напорно!“, им рече Пеп Гвардиола на собраните новинари и додаде:
„Исто како и Ливерпул! Ако Арне Слот повторно ја освои титулата, тоа ќе биде затоа што потроши многу пари оваа година, нели? Затоа што тоа не му се случи само на Манчестер Сити, нели? Значи, сите го прават тоа…“.

ПретходноСелекторот Милевски доби признание за посветеност и успех!(ФОТО)
СледноГо избркаа од Реал – се врати во Далас