По голема драма Македонија поразена од Египет

46
Фото: ФФМ

Македонската женска ракометна репрезентација е поразена на вториот меч на „Трофеј Македонија“. Подобра од нашите ракометарки беше селекцијата на Египет која славеше со 18-19 во дуел со многу малку голови

Во неизвесен финиши, Кристијан Грчевски и неговите избранички не се снајдоа, добија две исклучувања, и му дозволија на противникот да се врати во дуелот. На голема среќа Египет не реализираше од седум метри при 18-18, а нашата селекција во последниот напад Гакидовска не донесе победа. Остана време за противникот од 30 секунди, кој доби нов седмерец и реализираше за 18-19.

Првото полувреме мина изедначено, па на одморот резултатот беше 10-10.

Последниот меч „црвено-жолтите“ утре ќе играат против Грција (20:30 часот).

ПретходноГо избркаа од Реал – се врати во Далас
СледноШтутгарт покажа како треба против Сент Паули!