Швајцарката Лаура се кандидира за претседател на ФИА

16
фото: Sarı Bayrak (X)

Швајцарската пилотка Лаура Виларс ненадејно најави дека ќе се кандидира за да стане првата жена претседател на ФИА.

28-годишната Виларс вчера ја објави својата кандидатура против актуелниот претседател Мохамед Бен Сулајем и Тим Мејер, кој веќе ја потврди својата кандидатура во претседателските избори во ФИА.

„ФИА мора повторно да биде федерација на клубови и носители на лиценци“, напиша Виларс, изложувајќи ја својата програма.

„Мојата амбиција е управување кое е подемократско, потранспарентно, поодговорно и отворено за жените и новите генерации. Цврсто верувам дека на мотоспортот му се потребни разновидност и иновации за да продолжи да ги инспирира помладите генерации низ целиот свет“, напиша таа.

ПретходноПознат распоредот за новата сезона кај кошаркарките: Баскет Кам тргнува на гости кај МЗТ Скопје А.
СледноМојс: „Мерсисајд дербито е посебно, подготвени сме да го изненадиме Ливерпул“