Штутгарт покажа како треба против Сент Паули!

19
ФОТО: FC Stuttgart/FB

Вечерва во првиот меч од 4.коло во Бундеслигата, домашниот Штутгарт со 2:0 успеа да го победи Сент Паули и со тоа на составот од Хамбург да му го нанесе првиот пораз сезонава, состав кој со две победи и едно реми беше хит на стартот од оваа нова 2025/26 сезона.

Интересно е тоа што домашниот состав во 25.минута преку Штилер не успеаја да реализираат пенал.

Сепак на пауза се замина со водство на Штутгарт, откако Демировиќ во 43.минута ја погоди мрежата на својот тим на радост на фановите на домашниот состав.

Конечните 2:0 ги постигна Ел Каноус во 50.минута, по асистенцијата на Демировиќ.

До крајот на натпреварот и едните и другите имаа свои шанси, но сепак останаа тие 2:0.

ПретходноПо голема драма Македонија поразена од Египет
СледноКристијано Роналдо се изнервира: Вие сте идиоти! (ФОТО)