Ѓоковиќ го одбил Федерер, не сака да игра на Лејвер Купот

38

Поранешниот светски тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, ја одби поканата на Роџер Федерер да го претставува тимот на Европа на претстојниот Лејвер Куп. Швајцарската легенда, која е заслужна за основањето на турнирот, долго време се обидувал да го убеди 24-кратниот шампион на Грен слем турнирите да ги здружи силите со Карлос Алкараз.

38-годишниот Ѓоковиќ беше дел од победата на Европа над Светскиот тим во 2018 година, а учествуваше и во 2022 година. Оваа недела ќе биде третото последователно издание на натпреварувањето што тој го пропушти, и покрај напорите на Федерер .

Ѓоковиќ му рекол на Федерер дека сака да посвети повеќе време на своето семејство.

ПретходноРаководството на РФМ на Конгресот на ЕХФ во Австрија
СледноПелистер денеска против Реџо Емилија испишува нова страница во клупската историја