Актуелниот претседател на Европската ракометна Федерација, Михаел Видерер го доби својот трет мандат на оваа позиција. Ова е очекувано, ако се земе во предвид дека немаше противкандидат на овие избори.
Предраг Бошковиќ од Црна Гора е прв потпретседател, финансиите се кај Данецот Хенрик Лакур, претседател на Натпреварувачката комисија е Божидар Ѓурковиќ од Србија.
Од Македонија имаше двајца кандидати за комисиите за ЕХФ, генералниот секретар Влатко Тасевски и Марјан Начевски. Само еден од нив е избран, а тоа е Начевски, кој е член на Апелација.