Норвешкиот голгетер во дресот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите синоќа на мечот со Наполи и со тоа стана фудбалерот кој најбрзо успеал да дојде до оваа бројка на голови во најсилното европско клупско натпреварување.
Напаѓачот на Манчестер Сити го отвори резултатот на натпреварот против Наполи и сега има 50 гола на само 49 одиграни натпревари во Лигата на шампионите.
Халанд до оваа бројка дојде побрзо од кој било друг фудбалер кој играл во ЛШ. На пример на Руд ван Нистелрој му беа потребни 62 натпревари, а на Лионел Меси 66. Ерлинг исто така го израмни рекордот на Тиери Анри по број на погодоци во ова натпреварување, но се уште е многу далеку од лидерот и рекордер, Кристијано Роналдо кој постигна 140 гола на 183 натпревари.