Конте: Против Манчестер Сити тешко е со 11, а не пак со 10 играчи на терен

60
фото: Q (X)

Тренерот на Наполи, Антонио Конте по синоќешниот пораз од Манчестер Сити во првото коло од Лигата на шампионите, изјави дека било исклучително тешко да се игра со играч помалку против англискиот гигант.

„Против Манчестер Сити е тешко да се игра 11 на 11, а со десет играчи по само 20 минути е невозможно. Бевме многу добри во одбраната, но можевме да играме многу подобро во моментите кога ги примивме двата гола. Сепак, немам што да им кажам на моите играчи – тие покажаа голема посветеност и решителност. Да продолжеше натпреварот 11 на 11, мислам дека ќе беше поинаков натпревар. Зборуваме за Манчестер Сити, фантастичен тим, и треба да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Ќе го понесеме тимскиот дух со нас во Италија и ми се допаѓа како заедно го пребродивме ова, но не можевме да си дозволиме да примиме два гола. Треба да размислуваме за следниот натпревар во лигата и верувам дека можеме да успееме во Лигата на шампионите“, истакнал Конте.

ПретходноТренерот на Пелистер: Треба да бидеме горди на овој тим! Овие момци не ја загубија вербата!
СледноФудбалер на Реал оди на суд поради снимање и дистрибуција на секс видеа