Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Имено македонската тенисерка попладнево беше поразена во четвртфиналето од Австријанката Лила Тагер со 2:1 во сетови.
Штета ако се знае дека во решавачкиот трет сет Лина загуби во тајбрејкот со 7:5.
Овој четвртфинален меч траеше 2 часа и триесет минути, од ова се гледа колкава жестока борба се водела.
Првиот сет Тагер го добисо 6:3, потоа Лина врати во вториот сет со 7:5 во гемови за израмнување, но на крај мораше да и честита на својата противничка.