Мојс: „Мерсисајд дербито е посебно, подготвени сме да го изненадиме Ливерпул“

29
фото: Everton (X)

Ливерпул утре е домаќин на Евертон во долгоочекуваното „Мерсисајд“ дерби. Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, утрово пред медиумите ги искажа и своите очекувања од утрешниот дуел со лутиот градски ривал.

„Нема да ви кажам што им кажувам на моите играчи, тоа е тајна. Но, како што видовме, Ливерпул има многу добар тим, но тие исто така покажаа слабости кога примаа голови. Секако дека ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости кога ќе добиеме шанса. Минатата сезона игравме против нив на „Енфилд“ и загубивме поради гол од офсајд. Сакаме повторно да им го отежниме натпреварот и се надеваме дека работите ќе одат по наше. На вистинскиот пат сме и сакаме да можеме да се натпреваруваме со најдобрите тимови. Сите се свесни дека градската битка е посебен натпревар, навивачите и медиумите го знаат тоа добро. Ова е добра можност за нас да видиме каде се наоѓаме“, вели Мојс.

ПретходноШвајцарката Лаура се кандидира за претседател на ФИА
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 6.КОЛО: “МАТОМИНАТОР“