Официјално: Синот на славниот Зидан ќе го носи дресот на селекцијата на Алжир!(ФОТО)

66
ФОТО: Real MadridFC/X

Зинедин Зидан некогаш го носеше дресот на Франција, беше и капитен и важи за еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер на таа земја на сите времиња.

Од друга страна неговиот син Лука Зидан одбра да настапува за селекцијата на Алжир, земја од каде потекнува семејството Зидан. Оваа информација ја потврди и ФИФА што значи дека е официјална.

Лука Зидан (27), голманот на Гранада и некогашен младински репрезентативец на Франција одлучи да го носи дресот на селекцијата на Алжир.

Процесот на добивање и на државјанство на Алжир и дефинитивно е завршен и тој е подготвен да му се стави на располагање на селекторот на таа земја, Владимир Петковиќ.

ПретходноДимковски: Силата на Пролет е во колективот, да го покажеме тоа и против Радовиш
СледноГолемиот Анри без двоумење кажа кој мора да ја освои Златната топка!