Пелистер денеска против Реџо Емилија испишува нова страница во клупската историја

63
фото: КК Пелистер Битола (Facebook)

Кошаркарите на Пелистер денеска во Самоков, Бугарија (15:30 ч.) ќе го одиграат историскиот, прв европски меч, во рамките на четвртфиналето од квалификациската рунда во новата сезона од ФИБА Лигата на шампионите. Македонскиот претставник се пријави во најсилното клупско натпреварувањ епод капата на ФИБА и ќе се обиде да ги одмери силите и своите квалитети со дел од европските состави.

Италијанскиот тим Реџо Емилија е првиот ривал на нашиот претставник и секако Италијанците ја имаат улогата на голем фаворит. Битолчани најавија дека во мечот влегуваат со надеж да го прикажат најдоброто од себе.

„Без разлика дали ќе влеземе во ЛШ или ќе играме во ФИБА Европа купот, ова е многу голем чекор како за македонските играчи во Пелистер, така и за сите во клубот. Ова треба да биде поттик и за остаатите македонски екипи да играат на ова ниво, за да видиме реално на кое ниво се наоѓа македонската кошарка. Верувам дека ќе добиеме многу искуство како тим од овие европски предизвици и целта ќе ни биде да стигнеме што подалеку“, истакна Андреј Митревски пред заминувањето на тимот во Бугарија.

За жал, непосредно пред патувањето за Бугарија, Пелистер се соочи со неочекувани проблеми, па тренерот Даскаловски денеска нема да може да смета на двајцата нови американски кошаркари. Центарот Ленгстон Вилсон пристигна во Битола, тренираше со екипата и одигра пријателски натпревари, но доцнењето на документацијата и пристигнувањето на сертификатот по последниот рок одреден од ФИБА за пријавување играчи за квалификациите за ЛШ е причината поради која овој Американец нема да биде во тимот на „пелистерци“ во Самоков. Џордан Скипер Браун поради семејни причини мораше да се врати назад во САД, па во наредниот период ќе биде доведен нов кошаркар на негово место.

Во рамките не четвртфиналните дуели од квалификациите денеска ќе се сретнат и Орадеа (Ром) – Антверпен (Бел), Бурса (Тур) – Брауншвајг (Гер) и Дерби (Црг) – ПАОК (Грц). Инаку, само победникот на турнирот ќе обезбеди место меѓу екипите кои ќе играат во регуларниот дел од сеозната.

ПретходноЃоковиќ го одбил Федерер, не сака да игра на Лејвер Купот
СледноАнализа: Три англиски клуба се во ТОП 5 фаворити за освојување на Лигата на шампионите