Познат распоредот за новата сезона кај кошаркарките: Баскет Кам тргнува на гости кај МЗТ Скопје А.

37
фото: kfsm.mk

На состанокот на претставниците на клубовите-учесници во двете натпреварувачки групи во женската кошаркарска Прва лига, беа извлечени натпреварувачките броеви и се формираше распоредот на натпреварите во „Sparkasse Life“ Прва лига-жени за сезоната 2025/2026.

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со осум екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло, кое стартува во втората недела на октомври. На стартот на сезоната екипата на Баскет Кам ќе гостува во Скопје кај МЗТ Скопје Аеродром, додека Бадел 1862 ќе биде гостин кај Пробаскет.

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО (11.ОКТОМВРИ)

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам 2011

Пробаскет – Бадел 1862

Крива Паланка – Патриот 2016

Вардар – Спорт тим

Инаку, официјално, оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска женска кошарка ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот. На 28 септември во СРЦ „Кале“ ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам, и освојувачот на Купот на Македонија, скопски Вардар.

ПретходноКазна за Кристал Палас: „УЕФА МАФИЈА“ чини 10.000 евра
СледноШвајцарката Лаура се кандидира за претседател на ФИА