Вардар 1961 остана перфектен, на „мускули“ го победи ГРК Охрид (ФОТО)

243

Вардар 1961 и ГРК Охрид одиграа интересен натпревр, а победата му припадна на домашниот тим кој славеше со 33-31 во меч од третото коло во Супер-лигата. Скопскиот состав добро се измачи за да дојде до третата победа во низа и да остане перфектен. На другата страна за охриѓани ова е прв пораз сезонава, имаат победа и реми.

Митровиќ со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Борозан имаше шест, додека пет запиша Јанковски, Гогов имаше 10 одбрани. На другата страна Ѓукиќ беше стрелец на седум погодоци.

„Црвено-црните“ го имаа водството, но не беа комотини. Во првото полувреме највисоката позитива беше три гола (10-7, 17-13). На другата страна ГРК Охрид секогап наоѓаше начин како да се врати во мечот и да изедначи.

 

На стартот на второто полувреме Хориха зголеми на 19-16, Вардар ја одржуваше позитивата, со тоа што гостите на неколку пати се најдоа во ситуација да изедначат, но не се снајдоа. Охриѓани беа на негатива од еден гол, но Кавада и Митровиќ зголемија на 28-25 на стартот на 50-та минута. И покрај ова гостите продолжија да вршат притисок, Ѓукиќ на четири минути до крајот изедначи на 31-31. ГРК Охрид имаше шанса за ново изедначување и драма за бод, но не искористи напад, Борозан реализираше за 33-31 и сигурна победа.

На втората средба од истиот термин Бутел Скопје ја оправда фаворитската улога против Прилеп, славеше со 35-30.

ПретходноГол-првенец: Миовски погоди за Ренџерс (ВИДЕО)
СледноВерона успеа да го запре победничкиот старт на Јувентус (ВИДЕО)