ГРК Охрид – прв сериозен „тест“ за Вардар 1961

59
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Денеска продолжува Супер-лигата на програмата е третото коло, а веќе има еден дерби меч. Вардар 1961 на домашен терен го пречекува ГРК Охрид, од кого оваа сезона се очекува особено ако се земе буџетот кој Општината го вложи во овој тим.

Езерскиот состав ќе биде вистински тест за „црвено-црните“ кои до сега имаа две лесни задача, па колку и какви сили имаат ќе биде познато во СЦ „Борис Трајковски“, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Вардар има две победи, на другата страна ГРК Охрид има победа и реми.

На останатите средби од саботната програма, Бутел Скопје во истиот термин го пречекува Прилеп, додека Пролет еден час подоцна е домаќин на Радовиш.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 3
20.09.2025 САБОТА
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ПРИЛЕП
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД
19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК РАДОВИШ
21.09.2025 НЕДЕЛА
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
22.09.2025 ПОНЕДЕЛНИК
18:30 часот РК СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014
ПретходноНејмар повторно се повреди, Сантос во зоната на испаѓање
СледноТолку од Грција на „Трофеј Македонија“