Ливерпул го “реши“ Евертон во “Мерсисајд“ дербито!

37
ФОТО: Liverpool F.C./FB

Ливерпул – Евертон 2:1 е епилогот од денешното градско или “Мерсисајд“ дерби кое се одигра на преполниот “Енфилд“.

Интересен, возбудлив и квалитетен меч одиграа градските ривали иако по првата фаза на средбата не се чинеше така.

Имено по двата гола на Гравенберх во 10.минута и на Екитике во 29.минута за 2:0 за Ливерпул, се чини дека овој меч “Редси“ ќе го добијат на рутински начин.

Но кога се градско дерби, никогаш не се знае однапред. Четата на Арне Слот како да подзастана во второто полувреме, тоа го искористија “гостите“ и со голот на Гуеје во 58.минута овој натпревар го направија супер интересен. Јасно беше дека фановите на “Редси“ стравуваа да не се случи нешто налик на она од готово па вересија.

Имаше Евертон шанси, имаше и Ливерпул, имаше жестока битка на теренот, но на крајот Ливерпул дојде до победата, петта во првите пет кола во новата сезона во Премиерлигата.

Ова е и петта победа во низа на „Енфилд“ на Ливерпул против Евертон.

ПретходноРоналдињо ќе ја додели “Златната топка“ на новиот “крал“ на фудбалот! (ФОТО)
СледноРакометниот караван на РФМ тргна од Охрид! (ФОТО)