Македонија го освои турнирот во Охрид откако Тунис и Египет одиграа без победник!

54
ФОТО: RFM/FB

Ракометната женска селекција на Македонија е победник на “Трофејот Македонија“ кој деновиве се одигра во Охрид. Иако нашите ракометарки не одиграа денеска против Грција, службено го добија овој меч и доволно им беше тоа што Тунис и Египет одиграа нерешено (25:25) во последното коло од овој турнир.

Ракометарките на Египет имаа водство, но во завршницата Тунис сепак дојде до реми и тоа значеше дека Македонија е победник на “Трофејот Македонија“.

Па така нашите ракометарки завршија како први, потоа следат Грција, Египет и Тунис.

ПретходноРакометниот караван на РФМ тргна од Охрид! (ФОТО)
СледноПолувреме: “Лавовите“ убедливи на Чаир, Осеи и Христов за водство од 2:0!