Одбојкарските репрезентации на Полска и Турција се први четвртфиналисти на светското првенство во одбојка во машка конкуренција кое се одржува на Филипините. Полската репрезентација ја оправда улогата на фаворит и ја победи Канада со резултат 3:1 (25:18, 23:25, 25:20, 25:14), а Турција претходно со истиот резултат беше подобра од селекцијата на Холандија 3:1 (27:29, 25:23, 25:16, 25:19).
Полјаците беа јасни фаворити на мечот со Канада и тоа го покажаа во првиот сет. Селекцијата предводена од Никола Грбиќ, рутински го реши мечот во своја полза, иако и Канаѓаните одиграа солиден меч.
За утре се закажани уште две осминафинални пресметки. Во 9.30 часот наутро по средноевропско време ќе се сретнат Аргентина и Италија, додека од 14 часот следува дуелот меѓу Белгија и Финска.