Ричков: Cо поддршката од нашите навивачи до првите три бода

91

Екипата на Шкупи конечно ќе го одигра својот прв домашен натпревар на својот стадион во Чаир. Клубот потврди дека проблемите околу теренот се решени и ќе ја пречека Македонија Ѓ.П. во стадионот во кој се создадени условите за функсионирање на системот ВАР.

За еккипата од Чаир, ова е златна можност да ги освои првите бодови во новата сезоната. Андреј Ричков верува дека ова е вистинска можност, со подржката на навивачите да се прокнижат првите бодови во Првата Лига.

“Очекувам натпревар исполнет со добра игра и спортски дух. Верувам во мојот тим, во нашата борбеност и посветеност. Сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе на теренот и дека заедно ќе постигнеме позитивен резултат. Ова е млада екипа, можеби најмлада во лигата и тек допрва ќе постигнува позитивни резултати, бидејќи ги научивме грешките од минатите утакмици. После 6 натпревари се враќаме на нашиот терен во Чаир и верувам дека со подршката од нашите најверни навивачи конечно ке ги освоиме овие 3 бода и ке излеземе од оваа криза,”  – изјави Ричков.

Натпреварот меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ќе се игра на стадионот во Чаир со почеток во 15.30.

ПретходноТолку од Грција на „Трофеј Македонија“
СледноТалаков: На Чаир е секогаш тешко да се игра, а ние сме мотивирани на максимум