Еден од стартерите на Манчестер Сити, Бернардо Силва не го смета својот тим за главен фаворит за титулата во Англија оваа сезона.
„Би рекол дека Ливерпул и Арсенал се фаворити, но ова е само почеток на сезоната, а минатата сезона сите велеа дека Манчестер Сити е фаворит. Минатата сезона, Манчестер Сити и Арсенал беа фаворити. Ливерпул не беа фаворити, но ја освоија Премиер лигата. На почетокот на сезоната, нема потреба премногу да се преиспитуваат шансите. Секако, можеме да зборуваме за себе и да кажеме дека нашето ниво не е таму каде што би сакале да биде, но знаеме дека ако го достигнеме тоа ниво, малку тимови ќе можат да нè сопрат“, вели Португалецот.