Бошко Ѓуровски се онесвестил за време на комеморацијата за Дејан Миловановиќ

91

Лоши вести од Белград. Денеска беше закажана комеморацијата во просториите на ФК Црвена Звезда по повод ненадејната смрт на некогашниот играч на овој клуб, Дејан Миловановиќ кој почина за време на меч на ветераните на „црвено – белите“. На комеморацијата се обрати екс – македонскиот селектор и легенда на нашиот фудбал, Бошко Ѓуровски, а за време на неговиот говор се случи исто така многу лош момент.

На Ѓуровски му се слошило и паднал во безсознание. За време на говорот побарал чаша вода, а потоа паднал на земја. Веднаш секако му пришле присутните, а за подетални информации наскоро клубот и медиумите во Србија ќе излезат во следниот час.

 

ПретходноВМФЛ 5. коло: Брегалница оди во Каменица, Охрид ќе го пречека лидерот Кожуф
СледноАли Коч му возврати на Мурињо: Само мртвите и будалите не се менуваат