Попладнево се одиграа сите осум средби од 5.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на Автокоманда каде беа постигнати дури девет голови. Имено Скопје со 8:1 просто ја “распарчи“ Победа. Ова е голем срам за некогашниот двоен шампион на Македонија, на некогашниот наш фудбалски гигант.
“Пиратите“ одиграа одлично и дојдоа до нови три бода.
Брегачница со 1:3 како гостин славеше во Македонска Каменица кај Саса. Со оваа победа “сините“ покажаа дека се во добра победничка форма.
Детонит и Шкендија Арачиново одиграа без голови, исто така немаше голови и на средбата Охрид – Кожуф.
Осогово очекувано со 2:0 славеше на гости кај Г. Коњари, додека Новаци со минимални 1:0 беше подобар од составот на Тетекс.
РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО
Детонит – Шкендија (А) 0:0
Скопје – Победа 8:1
Г. Коњари – Осогово 0:2
Саса – Брегалница 1:3
Новаци – Тетекс 1:0
Охрид – Кожуф 0:0
Преспа – Вардар (Н) 1:2
Слога (В) – Беласица 1:2
Табела: Брегалница 13, Беласица 13, Кожуф 11, Шкендија (А) 11, Скопје 10, Новаци 9….