Два гола и асистенција на Пулишиќ, нова победа за Милан (ВИДЕО)

38
фото: AC Milan (X)

По лошото отворање на сезоната и поразот од Кремонезе на домашен терен, Милан ја забележа и третата последователна победа во Серија А. Момците на Масимилијано Алегри вечерва го „растурија“ Удинезе победувајќи го на гостински терен со убедливи 3:0.

По израмнетите триесетина минути на стартот на средбата, Милан успеа во последните 5 минути од првиот дел да го отвори резултатот. Пулишиќ погоди во 40. минута за водство од 1:0.

Во второто полувреме, „росонерите“ заиграа уште подобро и во период од само 8 минути постигнаа уште два гола. Во првата минута од второто полувреме Фофана на асистенција на Пулишиќ погоди за 2:0, додека Американецот со својот втор гол вечерва во 53. минута зголеми и на недостижни 3:0.

Со оваа победа Милан се искачи на третото место на табелата во Серија А зад Јувентус и Наполи, кој има и натпревар помалку.

ПретходноБернардо Силва пред дербито со Арсенал: Ние не сме, тие се фаворити за титулата
СледноФИФА примила 4,5 милиони барања за билети за СП 2026!