Кејн, Кејн, Кејн! Кој ли ќе го сопре Баерн Минхен?

44
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Попладнево се одиграа четири средби од 4.коло во Бундеслигата. Баерн Минхен гостуваше кај Хофенхајм и успеа да триуимфира со 4:1.Блескаше Хари Кејн кој во три наврати, од кои два од пенал, ја затресе домашната мрежа. Додека четвртиот гол беше дело на Гнабри.

Со овие три гола сега напаѓачот на “баварците“ дојде до 8 голови, има и три асистенции.

Токму затоа се поставува прашањето има ли некој во Бундеслигата кој може да го сопре овој страшен Баерн Минхен кој има “четири од четири“ и со максимални 12 бода е на чело на табелата.

Хамбургер на свој терен го победи Хајденхајм со 2:1 за прва победа во оваа сезона за повратникот во елитата. Мајнц како гостин со 4:1 го декласира Аугзбур, додека Фрајбург исто како гостин со 3:0 славеше кај Вердер Бремен.

ПретходноВМФЛ: Скопје ја “распарчи“ Победа, Брегалница славеше во Македонска Каменица
СледноТотенхем извади бод кај Брајтон, нов дебакл за Волвс и Вест Хем (ВИДЕО)