МЗТ Скопје ќе игра против ТФТ во финалето на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“. Актуелниот македонски првак во првото полуфинале беше подобар од Тиквеш со 71-67. Илајџа Мекејден со 20 поени, 4 скока, 3 украдени топки беше прво име во таборот на победникот.
Тимот од Тафталиџе пак славеше против Кожув со 82-76.
Финалето се игра утре со почеток во 19:30 часот, претходно во битката за третото место силите ќе ги одмерат Тиквеш и Кожув (17 часот).