„Мистер Гол“: Кејн има повеќе голови отколку настапи во Бундеслигата

35
фото: FC Bayern München (X)

Хари Кејн постигнува повеќе од еден гол по натпревар во Бундеслигата.

32-годишниот напаѓач на Англија и Баерн Минхен постигна хет-трик на гостувањето против Хофенхајм денеска во четвртото коло (од Бундеслигата и дојде до бројката од 70 гола на 67 настапи во Бундеслигата.

Интересно е што за Кејн денешниот хет-трик беше дури деветти.

За потсетување, Англичанецот постигна 213 гола на 213 натпревари од Премиер лигата, вклучувајќи осум хет-трика во натпреварувањето.

ПретходноВерона успеа да го запре победничкиот старт на Јувентус (ВИДЕО)
СледноПролет преку Радовиш до втора победа сезонава