Медиумите во Србија последниот час се преполни со немилиот настан кој се случи во просториите на фудбалскиот клуб Црвена Звезда. На комеморацијата по повод ненадејно починатиот екс фудбалер на овој клуб, Дејан Миловановиќ се обрати Бошко Ѓуровски, нашиот некогашен селектор, а сега активен член на клубот на ветераните на Црвена Звезда.
Во моментот на обраќање на Ѓуровски на говорницата, најпрво побарал малку вода, а потоа како што може да се види, и паѓа во несвест, односно му се слошува.
Се чекаат подетални информации околу неговата здравствена состојба…