Неверојатно: Мудрик сега ќе биде атлетичар

67

Членот на Челзи и напаѓачот кој што во 2023 година од страна на овој клуб беше платен 70 милиони фунти при трансферот од Ѓахтјор Доњецк, Михаило Мудрик сега сака да биде атлетичар.

Веќе е познато дека тој поради допинг има забрана за играње фудбал во траење од две години. Неговата кариера доби сериозно надолна линија, па сега медиумите објавуваат уште посензационална вест.

Дека Мудрик со оглед на неговата неверојатна брзина, сака да се натпреварува до атлетика. Поточно да биде дел од спринтерскиот тим на Украина за следната олимпијада.

Токму неговата брзина е и главниот негов адут на теренот. На неговото деби во Премиер лигата го сруши рекордот со брзина на трчање од 36.67 км/ч. Сега откако дефинитивно не може да игра фудбал, барем во догледно време Мудрик очигледно смета дека истата таа брзина треба да ја искористи на друг начин.

Неверојатно е како еден ретко талентиран играч, со природна дарба која се појавува многу ретко поради грешките може да се претвори во човек за потсмев.

 

ПретходноУЕФА ќе ги исклучи репрезентацијата на Израел и клубовите од таа земја од сите нејзини натпреварувања?!
СледноОмерагиќ со поддршка за Ѓуровски: Ти можеш, Бошко! (ФОТО)