“Новак е полуписмен човек, кој е платен да ја урива Србија“!

79
Фото: US Open/Twitter

Нема да мине ден ако некој во Србија, поддржувач на Александар Вучиќ, не удри по Новак Ѓоковиќ, по човекот кој веројатно е најпознатиот Србин во историјата заедно со Никола Тесла.

Се разбира дека не можеш на сите да им угодиш што се вели, ама интересно е дека Новак токму на тие луѓе им беше симбол а сега откако не се согласува со политиката на Вучиќ, се удира жестоко по најдобриот тенисер на сите времиња.

Па така дојде редот и на Љубодраг Симоновиќ, некогашниот кошаркар и ас на Ц.Звезда, член на репрезентацијата на Југославија која беше светски првак во 1970 во Љубљана.

Еве што кажа Симоновиќ за Новак:

Поединци добиваат многу пари и поради тоа мислат дека имаат право да одредуваат како функционираат работите. Таков е случајот со Новак Ѓоковиќ, кој е искористен од Западот. Нивниот план е тој да биде претседател на Србија. Замислете го тој идиотизам… Полуписмен човек без завршено основно училиште“.

ПретходноОмерагиќ со поддршка за Ѓуровски: Ти можеш, Бошко! (ФОТО)
СледноБоатенг и официјално ја заврши кариерата