Голем гест на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Имено по сите оние настани и здравствени проблеми што ги имаше нашиот легендарен Бошко Ѓуровски, некогашен репрезентативец на Македонија, првиот човек на ФФМ се огласи преку социјалните мрежи и му ја даде целосната поддршка на Ѓуровски:
„Ти можеш, Бошко!Ти праќаме поддршка“ со овие зборови се огласи Омерагиќ.
Се разбира дека сите во фудбалска Македонија му посакуваме добро здравје на нашиот Бошко Ѓуровски.