По првите 45.минути на првиот меч од 7.коло во ПМФЛ, Македонија ЃП на Чаир има водство од 2:0. “Лавовите“ беа убедливи во овој прв дел, одиграа добро, знаеја како треба.Клинтон Осеи во 5.минута донесе водство, а во 38.минута над него беше направен и пенал кој во гол го претвори Симеон Христов за 2:0 за тимот од Ѓорче.
Па така на пауза се замина со комотоно водство на МЃП на ова скопско дерби.
Да кажеме дека Шкупи е домаќин на својот стадион на Чаир за првпат во новата сезона.















