Пролет преку Радовиш до втора победа сезонава

15
Фото: Тинекс Пролет

Екипата на Пролет ја запиша втората победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Радовиш со 27-24 во меч од третото коло. За гостите ова беше трет пораз и тие се во долниот дел од табелата.

Гостите до пред 10-та минута имаа минимално водство, по што домаќинот успеа да поведе со еден гол, а потоа да го диктира темпото на мечот. На одморот резултатот беше 14-13.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Пролет, дојде на плус пет (19-14), додека во 40. минута беше и 20-14, по што веќе се навести победникот на натпреварот.

Претходно„Мистер Гол“: Кејн има повеќе голови отколку настапи во Бундеслигата
СледноДербито за „црвените ѓаволи“: Два црвени картони и, конечно, триумф на Јунајтед