Екипата на Шкупи конечно ќе го одигра својот прв домашен натпревар на својот стадион во Чаир. Клубот потврди дека проблемите околу теренот се решени и ќе ја пречека Македонија Ѓ.П. во стадионот во кој се создадени условите за функсионирање на системот ВАР.
За еккипата од Чаир, ова е златна можност да ги освои првите бодови во новата сезоната. Андреј Ричков верува дека ова е вистинска можност, со подржката на навивачите да се прокнижат првите бодови во Првата Лига.
“Очекувам натпревар исполнет со добра игра и спортски дух. Верувам во мојот тим, во нашата борбеност и посветеност. Сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе на теренот и дека заедно ќе постигнеме позитивен резултат. Ова е млада екипа, можеби најмлада во лигата и тек допрва ќе постигнува позитивни резултати, бидејќи ги научивме грешките од минатите утакмици. После 6 натпревари се враќаме на нашиот терен во Чаир и верувам дека со подршката од нашите најверни навивачи конечно ке ги освоиме овие 3 бода и ке излеземе од оваа криза,” – изјави Ричков.
Натпреварот меѓу Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ќе се игра на стадионот во Чаир со почеток во 15.30.