Денеска стартува седмото редовно коло во домашниот ПМФЛ шампионат. На програмата единствено е мечот во Скопје, каде што премиерно на Чаир сезонава се среќаваат екипите на Шкупи и на Македонија ЃП.
Домаќинот е пред колапс сезонава. Проблемите кои се очигледни кај Шкупи најмногу се одразуваат на резултатите, па на овој тим засега сеуште има нула на своето бодовно салдо.
Тоа секако не е причина, денеска пред своите навивачи овој тим конечно да „мрдне од мртва“ точка и да полне да бележи позитивни резултати.
На гости му доаѓа тим кој што исто така во првите три кола од шампионатот, забележа три порази, Македонија ЃП. Во меѓувреме сепак, „Лавовите“ забележаа две победи и се дел од „златната средина“ на табелата.
„Не очекува тежок натпревар. Домаќинот игра пред свои навивачи. Тоа се знае што значи. Максимална мотивација за добар резултат. Тоа што Шкупи сеуште нема бодови, нас ама апсолутно ништо не ни значи. Шкупи има квалитет, ние никако не смееме да влеземе со потценување во дуелот. Ние пак, од меч во меч сме се подобри, и играчки и резултатски. Имаме ние свои мотиви, сакаме да победиме, и тоа ќе го покажеме и на терен. Македонија ЃП денеска оди на три бода“ – вели Мартин Талаков.
Денешниот дуел на Чаир стартува од 15:30 часот.