Како што известуваат од ФИФА, до нејзе стигнале 4,5 милиони барања за билети за СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Исто така соопштено е дека апликациите биле пратени од 216 земји и територии во текот на десетдневниот период за аплицирање кој сега заврши.
Најмногу барања имало од следните земји – Германија, Англија, Бразил, Аргентина, Колумбија, Шпанија и Италија.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино овој голем интерес го нарече “силен показател“ за огромниот интерес за Мундијалот.
Според него овој Мундијал ќе биде најголемиот настан што некогаш е виден.
Оние баратели кои ќе бидат извлечени да купат билети до 60 долари за мечевите од групната фаза ќе бидат известени до 29 септември и ќе имаат рок до 1 октомври да ги купат билетите.
Инаку дополнителни фаза од продажбата на билетите ќе следат по ждрепката за групната фаза која ќе се одржи на 5 декември.