Денеска на програмата во домашниот второлигашки фудбалски шампионат, ќе се одигра редовното петто коло.
Се играат неколку интересни мечеви во кои фаворитите, односно екипите кои што досега најмногу покажаа ќе треба да ја продолжат позитивната низа, дел на гостински дел на домашен терен.
Па така, во Каменица кај Саса, гостува тимот на Брегалница, додека пак лидерот Кожуф нема да има лесна задача на гостувањето кај Охрид. Детонит ќе ја пречека екипата на Шкендија Арачиново, додека пак на Автокоманда кај Скопје гостува Победа.
Во Големо Коњари оди Осогово, додека во Ресен кај Преспа гостува тимот на Вардар Неготино.
Во Виница пак, кај тимот на Слога, гостува екипата на Беласица.
Мечевите стандардно започнуваат од 15:30 часот.










