Нејмар повторно се повреди, Сантос во зоната на испаѓање

22

Одамна Нејмар не е веќе дел од елитата на светскиот фудбал. Некогашната мега звезда вештачки што се вели ја одржува во живот одамна завршената кариера, и се што прави во последните години е од исклучиво маркетиншки карактер.

Токму од таа причина тој на 33. години е дел од тимот на Сантос во родниот Бразил. Најавен како мега засилување, учинокот на Нејмар е симболичен, а и минутажата. Тој повторно, по којзнае кој пат се повреди и го напушти тренингот на клубот.

Со тоа, дефинитивно е дека тој нема да биде дел од дербито на Паулиста шампионатот, утре против тимот на Сао Паоло.

Сантос инаку е на еден бод од зоната за испаѓање.

 

ПретходноЛуис Енрике сонува еден ден да се врати во Барселона?!
СледноГРК Охрид – прв сериозен „тест“ за Вардар 1961