Првите вести за здравствената состојба на Бошко Ѓуровски се охрабрувачки!

310

Легендарниот Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за неговата здравствена состојба се охрабрувачки. Како што пренесуваат медиумите во Србија, присутните веднаш го кренале Ѓуровски, а тој брзо се освестил и се чувствувал добро откако му била укажана помош. Јасно е дека здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледите, а најважно е што немало никаков удар врз телото што веднаш би му го загрозило животот.

Неофицијално, Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи бил потресен за време на говорот.

ПретходноМоментот кога Бошко Ѓуровски се онесвести (ВИДЕО)
СледноУЕФА ќе ги исклучи репрезентацијата на Израел и клубовите од таа земја од сите нејзини натпреварувања?!