Фудбалерите на Реал Мадрид славеа над Еспањол во дуелот на непоразените до ова петто коло во Ла Лига. „Кралевите“ триумфираа со 2:0 и покажаа сериозна игра во која Еспањол се чини беше без шанси за изненадување.
Тимот на Чаби Алонсо забележа рутински триумф и оствари совршен старт со сите 15 бода на своето конто.
Денес, Реал брзо ги „отклучи“ гостите и си ја олесни работата. Во 22. минута од мечот, бразилскиот стопер Едер Милитао шутираше од околу 30 метри и испрати вистинска „бомба“ во аголот на голманот на гостите Марко Дмитровиќ, за 1:0.
На самиот почеток на вториот дел, Мбапе покажа дека се наоѓа во извонредна форма и со погодок од далечина ја продолжи својата серија голови, за 2:0.
До крајот гледавме рутинска задача за Реал, Винисиус ја погоди стативата и пропушти шанса да ја направи победата поубедлива.