УЕФА ќе ги исклучи репрезентацијата на Израел и клубовите од таа земја од сите нејзини натпреварувања?!

242
ФОТО: UEFA.COM

Звучи сензационално, па и неверојатно, ама веќе нема бегање по сите оние настани во Газа. УЕФА во вторник ќе одлучи за понатамошното учество на израелската фудбалска репрезентација и клубовите од оваа земја во натпреварите во нејзини рамки, бидејќи Катар покрена иницијатива за исклучување на оваа репрезентација, слично на сценариото што го доживеаа Русите по агресијата на Украина.
Оваа информација ја пренесоа израелските медиуми, нагласувајќи дека фудбалската асоцијација на оваа земја работи дење и ноќе за да го спречи гласањето, бидејќи е сигурно дека мнозинството национални асоцијации во рамките на УЕФА би ја поддржале одлуката за исклучување.
Од друга страна, познато е дека влијанието на Катар е огромно, и покрај фактот што не е членка на европската фудбалска заедница.

ПретходноПрвите вести за здравствената состојба на Бошко Ѓуровски се охрабрувачки!
СледноНеверојатно: Мудрик сега ќе биде атлетичар